Мадона преку Инстаграм им соопшти на своите обожаватели дека моментално го финализира сценариото за филмот во кој ќе ја раскаже својата животна приказна.
Познатата американска пејачка сподели неколку фотографии, на кои може да се види како позира покрај камин, држејќи го сценариото за нејзиниот филм.
Среќна сум за успехот на документарниот филм „Мадам Екс“, за фактот дека моето сценарио е речиси завршено и за големата поддршка што ја добивам од моите прекрасни деца – напиша 63-годишната пејачка.
Претходно во американските медиуми беше објавено дека Мадона неодамна го напишала сценариото во соработка со ѕвездата на филмот „Џуно“, сценаристката Диабло Коди. Важно е да се спомене и нејзиниот ангажман како режисерка на филмот „В.Е.“, кој беше објавен во 2011 година.