Десет интересни факти за есента

Со оглед на фактот дека и официјално започна есента, во следните неколку реда дознајте 10 интересни факти поврзани со ова годишно време.

Лисјата ја менуваат бојата: Бидејќи во текот на есента деновите се пократки, дрвјата почнуваат да се подготвуваат за зимата. Се намалува количеството хлорофил во нивните лисја, па како резултат на тоа, ја менуваат бојата. Така се појавуваат жолти, портокалови и црвени нијанси. И колку се поцрвени лисјата, толку повеќе шеќер содржат.
Луѓето родени во овој период од годината живеат подолго: Многу научни студии покажаа и докажаа дека луѓето родени во есен живеат подолго од оние родени во другите годишни времиња. Така, повеќето стогодишници се родени во текот на септември, октомври и ноември.

Дваесет и четврти септември: Општо е познато дека есента започнува на 22 или 23 септември. Но тоа не е секогаш случај, особено ако се земат предвид грегоријанскиот календар и орбитата на Земјата. Затоа есента понекогаш започнува на 24 септември. Последен пат тоа се случи во 1931 година, а следниот пат ќе биде 2303 г.

Важна легенда: Според грчката митологија, есента започнала кога богот на подземјето – Хад, ја киднапирал Персефона и ја направил негова сопруга. Лутата Деметра – божицата на плодноста, жетвата, а во исто време и мајка на Персефона, ги уништила сите посеви додека не се врати нејзината ќерка. Во тој момент, започнува пролетта.

Зголемување на телесната тежина: За ова не се одговорни само вкусните пити од јаболка и тиква, туку и недостигот од витамин Д. Имено, се покажа дека недостигот од овој витамин го отежнува распаѓањето и складирањето на маснотиите во телото.

Криење од духови: Да не го заборавиме популарниот есенски празник – Ноќта на вештерките. Традицијата за костими поврзани со неа датира од Келтите, бидејќи тие верувале дека маскирањето во некој друг ќе ги заштити од духови.

Верверичките стануваат попаметни: Кога вервериците започнуваат со собирање и складирање храна во текот на есента, нивниот дел од мозокот задолжен за меморија и емоции се зголемува за 15 проценти. Благодарение на тоа, тие подоцна се сеќаваат каде ги скриле оревите.

На некои места, есента никогаш не пристигнува: Доаѓањето на есента го чувствуваат повеќето луѓе, но не и оние што живеат во тропските предели, како што се Карибите. Температурите таму се секогаш повисоки, така што нема класични есенски манифестации.

Паднатите лисја носат среќа: Суеверните луѓе веруваат дека колку што ќе фатат суви лисја во моментот кога паѓаат од дрвото, толку среќни месеци во годината ќе има за оној што ќе ги фатил.

Љубовта цвета: Кон крајот на есента и почетокот на зимата, луѓето почесто стапуваат во љубовни врски. Во голема мера поради зголемениот тестостерон и потсвесниот мотив да се поврзеш со некого пред да се случи делумна изолација поради студот.