Дел од истражување направено во Данска, од 2016 година, објаснува дека луѓето родени без вид почесто сонуваат кошмари. Тие имаат дури четири пати повеќе кошмари од оние што гледаат.
За слепите луѓе, секојдневието понекогаш претставува голем предизвик. Губењето во околината за време на пазарување, опасностите од надворешниот свет, како и стравот од губење на нивното куче-помошник се само дел од кошмарите, кои ги делат повеќето слепи луѓе.