Научниците пресметале

Една нова студија покажува дека во наредните децении сѐ повеќе области низ светот ќе бидат загрозени од поплави. Еднакво загрижувачки е фактот дека во областите на кои може да им се заканат катастрофални поплави се очекува силен раст на населението. Студијата, објавена во списанието „Нејчр тудеј“, користеше сателитски набљудувања на поплави за време на 913 големи поплави од 2000 до 2018 година.
За тоа време, 255-290 милиони луѓе биле директно погодени од поплавите, а авторите исто така откриле дека растот на населението во овие области се зголемил за 34,1 отсто. Ова значи дека десет пати повеќе луѓе ќе бидат изложени на ризик од поплави во следната деценија отколку проценетиот број на луѓе што биле изложени на поплави од почетокот на векот.
Студијата наведува дека преклопувањето на растот на населението и областите со зголемен ризик од поплави се однесува првенствено на територијата на Северна Америка, Централна Азија и Централна Африка. Иако Европа, барем според ова истражување, не е меѓу најкритичните точки, ова лето бевме сведоци на апокалиптични поплави во Германија.

Во резолуцијата усвоена во мај годинава, европратениците нагласија дека зголеменото влијание на климатските промени и интензивирањето на природните катастрофи ги прават земјите-членки на ЕУ сѐ поранливи. Тие веруваат дека ЕУ треба да ја олесни и забрза употребата на помошта на Фондот за солидарност на Европската Унија (ФСЕУ) за регионите погодени од катастрофи.
Пратениците ја нагласуваат „клучната“ важност за превенција и управување со ризици од катастрофи. За да се постигне ова и да се минимизира влијанието на кризата, тие ги повикуваат Комисијата и националните влади да ги засилат истражувањата и образованието како одговор на кризите. Буџетот на ФСЕУ треба да биде доволно голем не само за да може да помогне во реконструкцијата туку и да изгради отпорност на климатските промени пред да се појават катастрофи.

Парламентот ја повикува ЕУ да им посвети посебно внимание на најоддалечените региони, острови и области со сеизмичка или вулканска активност – делови од Европа особено ранливи на природни катастрофи. Европратениците бараат ФСЕУ да земе посеопфатен поглед на регионалните и прекуграничните катастрофи.
Поради климатските промени, во наредните години се очекува почеста појава на климатски катастрофи. Соочени со овие човечки трагедии, кои повлекуваат тешки економски последици, клучно е да ги зголемиме значително ресурсите во фондот и да ги забрзаме процедурите за нивна мобилизација. Сите европски региони се изложени, особено островите, каде што економскиот развој е сѐ уште неизвесен и ранливоста кон климатските промени е екстремна – вели Јунус Омарџи, известувач и претседател на Комитетот за регионален развој.