„Мајбах 57 С- купе“ е еден од најретките автомобили во светот. Возилото своевремено направено по нарачка на поранешниот либиски лидер, починатиот полковник Моамер Гадафи, е понудено на продажба во Холандија по цена од 1,16 милиони долари.

Овој автомобил бил нарачан од Гадафи во 2010 година, но бил испорачан следната година поради соборување на неговата влада. Според продавачот, овој редок автомобил „мајбах купе“ е со мала помината километража, односно поминал 2.286 километри.

Возилото го продава „Лајтнер“ холандската автомобилска компанија специјализирана за егзотични возила. Автомобилот е придвижуван од 6-литарски АМГ ве-12 турбо-мотор од 604 коњски сили, со петтостепен автоматски менувач и кој постигнува забрзување до 100 километри на час за пет секунди.