„Селебрити нет ворт“ ја објави листата на најбогатите славни личности од светот на шоубизнисот. Најбогатите пејачи, рапери, актери и модели се најдоа на листата Топ 50 најбогати личности. 

Предводник на оваа листа е режисерот Џорџ Лукас, човекот кој ги создаде „Војна на ѕвездите“, неговото богатство се проценува на 5,1 милијарда долари. Потоа следи режисерот Стивен Спилберг со 3,7 милијарди долари, а на третото место е водителката Опра Винфри која „тежи“ 3,2 милијадри долари.

На четвртото место се најде актерката Јами Герц, која во текот на кариерата заработила две милијарди долари, а зад неа е музичарот Пол Макартни со заработени 1,2 милијарди долари.

Списокот е мошне неочекуван, бидејќи меѓу нив е и′ поранешната сопруга на шефот на Формула 1, Хрватката Славица Еклстон.

Семејството Кардашиан се најде на 10-та позиција, нивното богатство изнесува 1 милијарда долари.

Погледнете ја целосната листа на „Селебрити нет ворт“.