Традиционално, најпопуларните градови за новогодишната ноќ во 2021 година објавија што ги чека туристите што сакаат таму да ја дочекаат новата година. Во последните две децении, Лондон важеше за град во кој новогодишната забава е најдобра! Повеќе од 100.000 луѓе се собираа по течението на Темза и на најголемите плоштади во светот, а над „Биг бен“ небото беше запалено со 2.000 ракети што правеа спектакуларен огномет.
Оваа претстава ја чини градската влада околу 2,9 милиони фунти. Но оваа година, градоначалникот Садик Кан ќе ги заштеди овие пари.
– Не можеме да дозволиме луѓето да се собираат, да си честитаат едни на други и да го шират вирусот. Празниците ќе бидат одлична можност да го промовираме нашиот град преку телевизиски пренос – изјави Кан.
Така што нема да има големи забави на плоштадот „Трафалгар“. А доколку некој планирај да отпатува за Њујорк за да ја види познатата стаклена топка како се спушта на „Тајмс сквер“ – подобро да остане да ја гледа дома.

Традицијата на спуштање на топката е стара повеќе од еден век, поточно датира од 1907 година, а точно во 11.59 часот годинава се препорачува да се следи оваа традиција на ТВ-екраните или на интернет. Резервациите во хотелите околу „Тајмс сквер“ се распродадени пред неколку месеци, но гостите ќе уживаат во спектаклот само низ прозорецот, бидејќи полицијата го забрани влезот на плоштадот. Полицијата ќе има за задача и да ги спречи сите оние што ќе се обидат да одат на заливот со намера да го гледаат огнометот.
Сиднеј има традиционален огномет, а ќе го има и оваа година, во 21 часот за деца. Ќе трае 12 минути и за тоа време камерите ќе ја снимаат сцената на Сиднејскиот Залив. Огнометот ќе чини 6,5 милиони долари, а Стјуарт Ајрес, министерот за туризам, рече дека ќе направи сѐ луѓето да не доаѓаат и да го гледаат огнометот во живо.
Виена, која е најблиску до нас, нема да дозволи 800.000 луѓе да се соберат во центарот на главниот град на Австрија, а особено да не играат валцер на полноќ пред катедралата „Свети Стефан“.

Туристичката организација од Виена накратко објасни дека оваа година „прославата ќе одмори“, но Филхармонијата ќе одржи традиционален концерт на 1 јануари.
За многумина, животниот сон е новогодишните празници да ги поминат во Рио де Жанеиро и да бидат меѓу трите милиони Бразилци облечени во бело, кои играат до зори. Оваа година полицијата ќе ги чува плажите од инвазија на луѓе што се подготвени да слават. Карневалот во Рио беше откажан првпат оваа година од 1912 година, кога првпат се одржа.