Викторија Лоба го промовира својот прв студиски албум, во две изданија, македонско „Нов свет“ и англиско „New World“.

Албумите се снимани во „Ем-сол рекордс студио“, „Џаст ар-би“ и студио „Јованови“. Музички продуценти се Марга Сол и Роберт Билбилов. Викторија Лоба се појавува како текстописка на албумот, во кој на суптилен начин го раскажува сопствениот живот. Албумите се достапни преку сите дигитални и стриминг-сервиси.