Иако ниту поп-ѕвездата ниту славниот глумец сѐ уште не го потврдиле тоа, американските медиуми веќе пишуваат дека Лејди Гага ќе снима филм со Бред Пит, со наслов „Воз-куршум“, кој ќе се заснова на јапонска мистериозна приказна.
По големиот успех на филмот „Ѕвездата е родена“, каде што Лејди Гага имаше главна улога, ова ќе биде нејзина втора сериозна филмска задача. Извор близок до продуцентите потврдил дека таа ја прифатила улогата, а снимањето, наводно, ќе почне наредната пролет.