Откако им се врати на корените, односно на денс-музиката со албумот „Chromatica“, Лејди Гага се искачи на првото место на американската топ-листа „Билборд 200“, која рангира најпродавани двесте музички албуми во САД.

Ова е шести албум број 1 на 34-годишната хитмејкерка што се искачил на првото место и, според податоците на „Нилсен мјузик“, ова е најбрзо продаван албум на жена музичар во 2020 година.

Со својот најнов водечки албум, кој беше објавен на 29 мај, Лејди Гага го надмина рекордот на Тејлор Свифт за „најбрза“ жена музичар што издала шест албуми за само девет години.

Свифт претходно ја држеше титулата за најголем број издадени албуми во период од 10 години и девет месеци, откако излезе нејзиниот хит „Lover“ минатата година.