Пакувањето на „Лејди Гага Орео“ е инспирирано од нејзиниот последен албум „Хроматика“.

Тие се во ограничено издание и од јануари ќе се достапни во пакувања со по шест колачиња во продавниците за убавина. Обожавателите следниот месец можат да се регистрираат на страната „Лејди Гага x Орео Стен клуб“ за да бидат известени кога пакувањата со вообичаена големина ќе бидат официјално достапни, изјави портпаролот на „Орео“ за Си-ен-ен.

Со цел да се „шират музички пораки на добрина низ целата земја“, компанијата и Лејди Гага ја најавија кампањата „Пејте со Орео“ (Sing It With Oreo), за да ги охрабрува обожавателите да испраќаат музички пораки до најблиските и да имаат шанса да освојат разни награди, како што се билети за концерт и средба со Гага, но според воведените ограничувања поради ковид-19.

Обожавателите можат да ги креираат овие пораки, наречени „Ореограми“, со снимање лична порака на веб-страницата „Пејте со Орео“. Пораката веднаш ќе се трансформира во песна што може да се сподели со пријателите и семејството на социјалните мрежи.

– Без разлика дали ќе се сака да се покаже поддршка, добри желби или честитки, ореограмите Лејди Гага се дизајнирани да инспирираат добрина – се вели во пораката на компанијата „Орео“.

Првото колаче „Орео“ е создадено во 1912 година во Њујорк. Компанијата сега произведува 40 милијарди колачиња годишно.