Во Кочани на 11 јули од 11 до 17 часот, под ведро небо во градскиот парк ќе се одржи летна регионална берза на винили. По два вакви настани што се одржаа на платото пред МКЦ во Скопје, ова е прв обид сличен настан да се одржи и во други гардови во земјава.

Ќе има 15 продавачи на плочи од целиот регион, поточно од: Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија и секако, од Македонија.

Настанот ќе биде проследен со настапи на регионални и локлани диџеи, а в сабота, на 10 јули, во предвечерието на Берзата концерт во Кочани ќе одржи познатата македонска група „Суперхикс“.

Со овој настан, поддржан и од локалната самоуправа, Кочани сака да му го врати на градот имиџот на место каде се одржуваат многу музички и културни настани, разни фестивали и други слични манифестации во текот на целата година.