Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс на снимањето на „Не гледај нагоре“

„Нетфликс“ на чело со Леонардо ди Каприо го снима филмот „Не гледај горе“, во услови на пандемија на ковид-19 проследени со предупредувањата проти големи собири од локалните власти на Бостон, во американската сојузната држава Масачусетс. Ова е првпат Леонардо ди Каприо да глуми во филм во продукција на „Нетфликс“, пренесуваат американските медиуми.

Првично филмот требаше да почне со снимањето во април, но сега се обидува да направи филмска магија за време на есенските и зимските месеци ,стои во соопштението на „Нетфликс“.

Ди Каприо, Џенифер Лоренс и Мерил Стрип, сите добитници на наградата „оскар“ се дел од тимот на филмот „Не гледај нагоре“, во режија на оскаровецот Адам Мекеј.

Сценариото е дело на Адам Мекеј. Во филмот Лоренс и Ди Каприо играат астрономи кои откриваат дека астероид е на пат да се судри со Земјата. Кога ќе почнат јавно да зборуваат за непосредната опасност што може да се случи за шест месеци, тие откриваат дека никој сериозно не ги зема в предвид нивните предупредувања за уништување на Земјата.

Во филмот играат и Аријана Гранде, Тимоти Шаламе, Џона Хил и Метју Пери.