Организацијата „Ресторан енд бар дизајн авардс“ секоја година ја доделува престижната награда за најубаво дизајниран угостителски објект во светот, а годинава признанието отиде за Шпанија. Добитник е ресторанот „Лена“ во местото Марбеља, угостителски објект што го дизајнира студиото „Астет“ од Барселона.
Нивната кујна ја води Дани Гарсија, носител на три ѕвезди „мишелин“ за своите претходни угостителски објекти.
Веќе 13 години се доделува оваа награда, посветена на препознавањето на дизајнот и архитектурата на просторот во кој се служат храна и пијалак. Ресторанот „Лена“ е исполнет со органски облици, кои се обоени во природни тонови, за да одговараат на намената на ресторанот, посветен на печено месо, што се подготвува на автентичен и традиционален начин.
Стручното жири досега оценуваше угостителски објекти во повеќе до 100 земји во светот, а составено е од стручњаци од различни профили, од архитекти до хотелиери и новинари.