Деновите околу Новата година често знаат да бидат интензивни, а оние што слават често умеат и да претераат со алкохолот. Ова се неколку лесни совети што можат да помогнат во мамурлакот.

Вода

Една од најважните причини поради која ви е тешко во утрото после пиење, е дехидрацијата. На организмот му недостасува вода, па колку порано ќе почнете да пиете вода, толку побрзо ќе ви биде подобро.

Сок од домати

Додека вие уживате во разни пијалоци, вашиот организам ги троши резервите на витамини, како А, Б и Ц. Недостатокот на витамини е причината поради која се чувствувате исцрпено. Овие неопходни состојки надополнете ги со пиење на сок од портокал, домати или енергетски пијалоци за спортисти, кои се богати со хранливи состојки.

Свежо овошје

Во борбата против мамурлакот повеќето потегнуваат по помрска храна, меѓутоа овошјето е идеална храна, која во вашиот организам ќе ги внесе потребните витамини.

Лесни вежби

Лесни, едноставни вежби, може да бидат од голема корист. Движењето ќе му помогне на вашето тело да ги исфрли од себе штетните состојки што сте ги внеле претходната вечер.

Топол туш

Топлиот туш многу помага. Истуширајте се, задолжително со топла вода, зашто студената вода предизвикува стеснување на крвните садови во кожата и периферните органи, што уште повеќе го оптоварува срцето и го отежнува дишењето. Од друга страна, топлата, не прежешка вода, ја подобрува циркулацијата.