Данската компанија „Лего“ со музички албум насловен „Белиот шум на Лего“ од седум песни кои содржат звуци на коцки дебитираше на музичкиот пазар.

Компанијата „Лего“ им дала 10 илјади коцки на инженери за звук за да експериментираат со нив, па така е направен албум од три и пол часа, кој содржи звуци на кликање, шушкање, паѓање и слично. Оваа плејлиста е дизајнирана за да им помогне на слушателите да си најдат момент за релаксација во нивниот напорен живот.

Секоја нумера е посветена на една рутина или звук, како што е кликот на две мали коцки што се спојуваат. „The Waterfall“ е името на песната која го доловува силниот звук на коцки што се истураат од кутија на под.

Албумот е достапен на стриминг платформите „Спотифај“ , „Епл мјузик“ и „Ајтјунс“.

За да го промовира музичкиот албум „Белиот шум на Лего“, „Лего“ ќе започне со маркетиг-кампања преку социјалните платформи. На глобално ниво, кампањата ќе биде споделена на нејзините профили на Фејсбук и на Инстаграм, а исто така ќе креира видеосодржини на својот канал на „Јутјуб. Кампањата ќе биде претставена и на веб-страницата на компанијата.