Меѓународниот празник на шегата и смеата денес беше одбележан во стационарот за бездомни кучиња ЈП „Лајка“.

– Африка, Цунами, Кате, Мoни и Бони позираа во најразлични костими. Кучињата несомнено уживаа во оваа првоаприлска приказна исполнета со забава и смеа – велат од „Лајка“.

Потсетуваат дека овие прекрасни крзнени пријателчиња се уште го бараат својот дом. За апликација за вдомување пишете на [email protected].