По веста дека холивудската глумица Рене Зелвегер ќе ја глуми Џуди Гарланд во биографскиот филм за американската филмска ѕвезда, се огласи глумицата Лајза Минели, ќерката на Џуди, и откри дека „ниту ја одобрува, ниту ја забранува“ одлуката Рене да ја глуми мајката и во претстојниот филм.
Таа се огласи на својот официјален профил на Фејсбук и напиша порака во која вели дека не се согласува со изборот на глумицата за оваа улога.
– Не знам како почнаа овие приказни, но ниту го одобрувам, ниту го забранувам снимањето на филмот за Џуди Гарланд на кој било начин – напиша Минели на социјалната мрежа.
Инаку, филмот насловен „Џуди“ веќе почна да се снима во Лондон, а Рене, како што објави „Дејли мејл“, има драстична трансформација на својот изглед за да личи на култната ѕвезда.