Членовите на македонската рок група „Ласт експедишн“, која по подолга пауа повторно се активираше, а мразот го скршија со песната „Хеy Хо“, перодов на изолација го искроистија за подготовка на нов материјал. Тие решија и да снимат нов спот за еден од нивните најголпеми хитови, песната „Шефе“, па за таа цел ги канат своите фанови на соработка.

– Сакаш да си дел од последната експедиција? Членовите на „Ласт експедишн“, по примерот на големите светски бендови те канат на интересна мисија. Утре, среда, 13 мај, ќе се снима нов спот за култната нумера „Шефе“, и тоа онлајн преку каналот Зум. Сѐ што треба да направиш е само да се пријавиш на Фејсбук-евентот на следниот линк. За следните чекори ќе добиеш информација веднаш по твоето пријавување! Биди и ти дел од историјата, биди дел од последната експедиција – се вели во соопштението на членовите на познатиот бенд.

Инаку, новата верзија на „Шефе“ е плод на соработка на „Ласт експедишн“ и македонскиот гитарист Кире Најдовски, кој живее и работи во САД, а своевремено и самиот беше дел од „Последната експедиција“. М.Т.