Лавови, тигри и еден јагуар побегнале од Зоолошката градина во градот Лунебах, на западот на Германија, јави агенцијата дпа.

Според првичните информации, побегнале два лава, два тигра и еден јагуар. Како што јави Франс прес, побегнал и еден мечок, но набргу бил застрелан.

Полицијата е во потрага по побегнатите животни, а за АП соопштија дека веруваат оти животните се на територијата на Зоолошката градина.

Сепак, населението на Лунебах било предупредено да не излегува од своите домови.