Фото: Илустрација

Четири лавови во зоолошката градина во Барселона беа позитивни на тест за ковид-19, соопштија шпанските ветеринарни власти. Три женки по име Зала, Нима и Рун Рон и едно мажјак Киумбе биле тестирани откако покажале лесни симптоми, пренесува Би-би-си.

Двајца вработени исто така биле позитивни на тест за ковид-19, соопштија од зоолошката градина.

Во тек е истрага за да се утврди како животните се заразиле, а се претпоставува дека тие можеби биле во контакт со вработен кој бил асимптоматски случај.

Вработените во зоолошката градина, наводно, извршиле стандарден ПЦР-тест на четирите лавови – истиот метод што се користи кај луѓето – затоа што им е пријатно да имаат близок контакт со вработените.

Животните покажувале симптоми на горниот респираторен систем, се вели во претходната изјава на зоолошката градина. Повеќето симптоми исчезнале освен ситно кашлање и кивање.

Тие се лекуваат со антиинфламаторни лекови и внимателно се следи нивната состојба. 

– На лавовите им беше дадена ветеринарна нега за нивната лесна клиничка состојба – слична на многу лесна состојба на грип на која добро реагираа – се вели во соопштението.

Ова е втор познат случај во кој лавови добиле коронавирус. Вработените од зоолошката градина во Барселона контактирале колеги во зоолошката градина во Бронкс, во САД, каде што во април бил забележан првиот познат случај кога четири тигри и три лавови биле позитивни на коронавирус.