Вилата која му припаѓала на славниот фирентински уметник Микеланџело Буонароти се продава 7,5 милиони евра.

Таа се наоѓа во областа Кијанти, Тоскана, и се простира на 1.200 метри квадратни, а има десет спални соби и седум бањи.

Куќата, која славниот уметник ја сметал за свој дом, ја купил во 1549 година, а семејството Буонароти ја поседувало се до 1867 година.

Сегашните сопственици наведуваат дека куќата е реновирана, а уметникот кој дал непроценлив придонес за италијанската ренесанса и ја насликал Сикстинската капела не оставил ниту една фреска во својот дом.

Во цената на куќата е пресметана и копијата од оригиналниот договор, кој Микеланџело го потпишал при купувањето.