Омилената филмска куќа на сите генерации, онаа што се користеше за снимање на оригиналниот филм „Сам дома“, годинава за време на новогодишните и божиќните празници се наоѓа во понудата на познатиот сервис за изнајмување апартмани и станови „Ер-би-ен-би“. Веста, всушност, гласи дека е можно изнајмување на куќата во текот на празничниот период, додека семејството Мекалисер е на „своето божиќно патување“.
Како што стои во огласот на платформата за изнајмување станови и куќи „Ер-би-ен-би“, до четворица гости ќе можат да престојуваат во куќата во Чикаго една ноќ, на 12 декември, само за 25 долари. Адресата ќе биде објавена кога ќе се објават резервациите, кои почнуваат утре.
– Подгответе се да ги прославите празниците во најздодевната улица во САД, бидејќи вонвременската куќа во која почна приказната за момчето Кевин, кој опстана сам дома за Божиќ, може да се резервира на „Ер-би-ен-би“ – стои во рекламата.
Гостите ќе ги пречекува глумецот Девин Ретреј, кој го играше Баз, братот на Кевин Мекалистер.