Куќата во Малибу, во која Стив Меквин живеел додека бил во брак со глумицата Али Мекро, во 1970-тите години, која се простира на 3.300 квадратни метри, е продадена за 12,1 милиони долари, пренесуваат американските медиуми.
Викендичката е лоцирана во затворена улица во подрачјето Брод Бич. Има пет спални соби и пет бањи, а речиси секоја просторија има поглед на Тихи Океан.
Подовите се направени од тврдо дрво, а новоуредената кујна е поврзана со прозрачна трпезарија. Бањата е од мермер и е дел од главната спална соба.
Вредноста на куќата вртоглаво се зголеми во последните неколку години, како и цената на автомобилот на славниот глумец.
Така „форд мустангот“ од 1968 година, што Меквин го возел низ улиците на Сан Франциско, лани на аукција е продаден за 3,4 милиони долари, што го прави највреден „мустанг“ на светот.
Меквин, кој, покрај другото,се прослави со улогите во филмовите „Големото бегство“ и „Аферата на Томас Краун“, почина во 1980 г. на 50 години.