Бани е кучето што може да комуницира со помош на копчиња за правење звук со нејзината сопственичка и има над 5,7 милиони следбеници на „ТикТок“. Кучето Бани зборува со помош на уред „FluentPet“.

Алексис Девајн, сопственичка на Бани, многу често објавува видеа на кои се гледа како нејзиното куче зборува со неа.

Научници од „Универзитетот Калифорнија“ во Сан Диего, сојузна американска држава Калифорнија, го набљудуваат кучето Бани за да видат дали миленичињата можат да се изразат на начин сличен на јазик. Научниците ја набљудуваат Бани за да дознаат повеќе за тајниот живот на домашните миленици.

Покрај Бани, уште 1300 други кучиња се испитуваат како дел од студијата „TheyCanTalk“.

Досега научникот што го води проектот опишал некои нивни откритија како „возбудливи“ и дека тие ги надминуваат неговите очекувања.