Култниот филм „Брилијантин“, во кој главните улоги ги толкуваат Џон Траволта и Оливија Њутн Џон, доби и сериска верзија. Имено, новиот стриминг-сервис Парамаунт плус нарача серија наречена „Брилијантин: подемот на розовите дами“, кој е вовед во легендарниот мјузикл.
Како што е наведено, дејството е поставено во 1958 година, а главни ликови се Дени и Сенди. Започнуваат кратка романса за време на летниот распуст, но потоа настанува промена. Сенди се запишува во гимназијата „Рејдел“, што на Дени воопшто не му се допаѓа.
Серијата „Брилијантин: подемот на розовите дами“ ќе има 10 епизоди, а дејството се случува четири години пред филмот „Брилијантин“ и ги следи дамите во розово пред да завладеат рокенролот и членовите на групата „Ти брдс“.
Членови на групата „Розови птици“ се Бети Рико, девојка на најдобриот пријател на Дени, Кеники, Френчи, најдобрата пријателка на Сенди, Џен и атрактивниот Марти Марашино. Засега не е познато кој ќе ги толкува сите овие ликови, а не е познат ниту датумот на емитување на серијата.