Еден од најпопуларните и најуспешни филмови на сите времиња е „Титаник“. Главните улоги во овој безвременски филм, кој заработи над две милијарди долари, ги одиграа Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет. Она што е малку познато е што многу филмски ѕвезди одбиле да играат во „Титаник“, а некои од нив не успеале да ја поминат аудицијата.

Режисерот Џејмс Камерон сакал главниот лик да го игра Ривер Феникс, меѓутоа овој актер починал. Улогата, која на крајот ја добил Леонардо ди Каприо, ја одбиле Том Круз, Бред Пит, Џони Деп, Стивен Дорф. На аудицијата се појавиле и Кристијан Бејл, Итан Хоук, Метју Меконахи, Крис Одонел, но не биле соодветни за улогата.
Од друга страна, ликот на Роуз одбиле да го играат: Никол Кидман, Гвинет Палтроу, Џина Дејвис, Дру Баримор, Чарлиз Терон, Анџелина Џоли, Роуз Бирн, како и кралицата на поп-музиката Мадона. Исто така и Џенифер Анистон, Камерон Дијаз, Шерон Стоун, Ума Турман, Винона Рајдер, Џоди Фостер и други.