„Прада“, италијанската модна куќа, наскоро ќе се најде на суд поради купување кожа од 700 млади и од 26 возрасни крокодили. Тужбата против модниот гигант изнесува два милиони долари. „Прада“ влезе во судски проблеми откако фирмата „Капо – УСА“ откри како направила договор со неа за купување кожа од млади американски крокодили, која ќе се користи за изработка на егзотични модни додатоци за своите нови колекции. Со помош на „Капо – УСА“, „Прада“ нашла квалитетни одгледувачи на крокодили и со тоа ја олеснила испораката во фабриката „ГНП Пели“ во Италија.

„Капо – УСА“ биле платени за секој млад крокодил, а дополнително заработувале и од продажбата на кожа. Фирмата тврди дека самостојно презеле 726 крокодили на фармата на „Прада“ во Луизијана, каде што се одгледуваат крокодили за крзно и кожа. Меѓутоа, „ГНП Пели“ наводно не ја платиле провизијата на „Капо – УСА“, со што е направена штета поголема од два милиони долари, што американската фирма ги бара преку тужба. „Прада“ побара предметот да се префрли во Федералниот суд во Флорида, а потоа и во Милано.