Познатиот актер Крис Хемсворт се подготвува да го отелотвори еден од најпознатите професионални борачи на сите времиња, Халк Хоган, во новиот филм на Нетфликс.
Улогата на легендата од 1980-тите години на минатиот век, за 36-годишниот Хемсворт ќе претставува негова најголема физичка трансформација досега.
Во изјава дадена за списанието „Тотал филм“, австралискиот актер вели дека овој филм ќе биде навистина забавен проект.

– Како што можете да замислите, ќе биде лудо физичко подготвување за улогата. Ќе морам да добијам маса повеќе од кога било, повеќе отколку што морав за улогата на Тор – рече Хемсворт.
Покрај физичката промена, Хемсворт ќе мора да работи и за да го изгради ставот на борецот и неговиот акцент на говорот.

Додека Крис со нетрпение ја очекува трансформацијата во Халк, тој додава дека има уште многу време до снимањето на филмот, со оглед на тоа дека и самиот сѐ уште не го видел сценариото.
Меѓутоа, голем број филмски критичари веќе се изјаснија дека Крис не е доволно силен за да го глуми Хоган. Сепак, актерот се чини дека е повеќе од подготвен да го прифати предизвикот.