Победничка на изборот „Мис на Балканот“ за 2019 година, кој се одржа деновиве во хотелот „Амбасадор“ во Белград, е нашата Кристина Димитријевска (23) од Тетово.

– Таа во силна конкуренција меѓу девојките од балканските држави ја освои оваа престижна и ласкава титула и, на некој начин, ја потврди титулата новогодишна балканска убавица, која ја освои уште кога имаше 17 години. Титулата прва придружничка ја освои претставничката на Србија, а втора придружничка е девојката од Црна Гора – велат од модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој балкански избор за убавина.

Круната на Кристина ѝ ја предаде поранешната победничка, Дениса Ходисон од Романија.