Откако извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, на 14 февруари на Твитер објави покана за средба до рускиот претседател Владимир Путин, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков соопшти дека тие би сакале да ја прифатат поканата на апликацијата „Клабхаус“, но за да се случи тоа потребни им се повеќе информации. Маск исто така не возвратил, откако тие му одговориле, пренесува „Блумберг“.

– Сметаме дека се работи за некое недоразбирање – изјави Песков пред новинарите.

Поканата на Маск била објавена на англиски и руски јазик до официјалниот твитер-профил на Кремљ. Песков смета дека поканата е секако интересна, но за да се оствари, Кремљ побарал дополнителни детали, по што Маск оттогаш не им одговорил.