Според „СкриптОклап“, база на податоци за претплата за претприемачки проекти во Франција, филмот на „Нетфликс“ најверојатно ќе го носи насловот „Голема бубачка“ и се опишува како „приказна за вештачка интелигенција, комедија со роботи“

Поминаа шест години откако Жан Пјер Жане ги создаде „Осмиот патник: Воскреснување“ и „Амели“, а сега постои голема можност да добиеме нов филм од него и од писателот на „Амели“, Гијом Лоран. Филмскиот сајт „Плејлист“ објавува дека дуото, најверојатно, ќе започне да работи на нов научнофантастичен филм за Нетфликс насловен „Голема бубачка“.

За време на прес-турнејата за добитникот на канската награда „Неспресо“ – анимираниот филм „Го изгубив моето тело“, писателот Гијом Лорен зборуваше за два претстојни проекти што ги има со честиот соработник Жан Пјер Жане. Во едно интервју, тој дури и споменува дека постојат разговори за снимање ТВ-серија, како и филм „Нетфликс“.

Според „СкриптОклап“, база на податоци за претплата за претприемачки проекти во Франција, филмот на „Нетфликс“ најверојатно ќе го носи насловот „Голема бубачка“ и се опишува како „приказна за вештачка интелигенција, комедија со роботи“. Тоа звучи фантастично, и не е првпат да се чуе за овој проект. Ова следува со она што го знаеме. Зборувајќи со „Индивајр“ на почетокот од оваа година, Жане спомена дека има приказна што ќе вклучува роботи.

– Имам приказна што сакам да ја преточам во филм за вештачка интелигенција, но тешко е да се најдат пари, бидејќи тоа е комедија со роботи! Па можеби ќе биде за „Нетфликс“, не се знае. Како последно средство, ќе го испробам „Нетфликс“ – откри Жане.

Според „СкриптОклап“, филмот ќе биде во продукција на француската продуцентска куќа „Есквад“, ќе го дистрибуира „Нетфликс“, а планирано е да се снима во периодот помеѓу април и мај следната година. Вториот проект се чини дека не е толку во развој како роботската комедија. Според „СкриптОклап“, можеби станува збор за ТВ-серија со наслов „Значењето на желбата“. Иако деталите околу овој проект сѐ уште не се познати, сето она што ги обединува Жане и Лоран е доволно за да гарантира возбуда.