Во текот на изминатите неколку недели, мразот околу украинската истражувачка база на брегот на најсеверниот полуостров на Антарктикот е покриен со „снег од малина“. Постот на Фејсбук објавен од страна на Министерството за образование и наука на Украина ја прикажува сцената во детали: црвени глечери и розови замрзнати површини.

Фографија објавена од Министерството за образование и наука на Украина

Оваа „крв“ (или „џем“, како што истражувачите го нарекуваат овој природен феномен) е всушност еден вид црвена пигментирана алга наречена Хламидомонда, која се сретнува на снежните површини и на планините ширум светот.

Алгите ги минуваат зимите во снегот и мразот, и кога ќе дојде летото и снегот се топи, алгите почнуваат да ги шираат црвените цветни спори.