Дел од кралското семејство

Војводата и војвотката од Кембриџ, го крстија своето трето дете Луис Артур Чарлс, потврдија од Кенсингтонската палата. Новиот син на Кејт и Вилијам е роден во 10 часот, во понеделник, на 23 април 2018 година. Титулата што ја доби бебето е принцот Луис од Кембриџ и се најде на петтото место во редот за тронот.
Новото бебе е првиот кралски принц, кој нема да застане пред својата постара сестра Шарлот во редот за престолот. Античките правила за наследство во кралството значеле дека машките наследници секогаш имале предност пред женските наследнички, но законите во 2013 година се сменија.