Холивудскиот глумец Ал Пачино се подготвува да биде ѕвезда на нова филмска адаптација на Шекспировата трагедија „Кралот Лир“. Режисер на новиот филм ќе биде Мајкл Радфорд.

Седумдесет и осумгодишниот Пачино стана светски познат по улогата на Мајкл Корлеоне во трилогијата „Кум“.

Мајкл Радфорд беше номиниран за „оскар“ за филмот „Поштарот“. Продуцент на новиот филм ќе биде Бери Навиди. Двајцата работеа заедно и на друг филм адаптиран според Шекспирова драма – „Венецијанскиот трговец“ (2004), кој доби позитивни критики. На Пачино тогаш му беше доверена улогата на Шејлок.

„Кралот Лир“ е филм во кој секој би сакал да учествува. Ал Пачино одамна ја разгледува можноста да влезе во улога на Кралот Лир. Има значајна разлика меѓу ликот на Шејлок, кој се појавува само во пет сцени во „Венецијанскиот трговец“, и оној на Кралот Лир, кој ќе биде речиси во секоја сцена од новиот филм“, изјави Радфорд за весникот „Обсервер“.

Снимањето треба да почне следната есен. Филмот ќе се снимa во Велика Британија.