Британската кралицата Елизабета неочекувано им понуди рака за помирување на Меган Маркл и принцот Хари поканувајќи ги на нејзината роденденска парада, тврди британски „Сан“.

Кралицата која изминатата сабота се вакцинираше против ковид-19 се надева дека ќе се врати „на своите редовни активности“ што е можно побрзо и планира да биде домаќин на парадата на 12 јуни во Лондон, со што официјално ќе го одбележи 95-тиот роденден.

И покрај тоа што Меган и Хари пропуштија неколку клучни настани во изминатите 12 месеци, вклучително Божиќ и Неделата на сеќавање, од кралицата се очекува да ги покани одметнатите Меган и Хари да присуствуваат на прославите.

Хари и Меган имаа контроверзни 12 месеци. Откако ги напуштија кралските должности во Велика Британија, повикувајќи се на загриженост за нивната приватност, тие оттогаш ја искористија својата слава за да направат повеќемилионски зделки со „Нетфликс“ и со „Спотифај“.