Кралицата Елизабета Втора е многу тажна бидејќи Меган Маркл нема го донесе синот Арчи, неделава од Канада, за да му се придружи на принцот Хари во Велика Британија, пишува „Дејли мејл“. Парот ќе присуствува на нивните последни ангажмани. Со тоа ќе додадат уште 50.000 фунти на нивната сметка за безбедност.

Кралицата и принцот Филип се многу тажни бидејќи нема го видат внукот Арчи. Тие од неговото раѓање ретко го гледаа, според „Сандеј Тајмс“.

За деветмесечниот Арчи ќе се грижи дадилката Џесика Мулрони, која е и блиска пријателка на Меган. Принцот Хари минатата недела, ги остави Меган и нивниот деветмесечен син во Канада за да оди на последната рунда од службените должности.

Обраќајќи се при основањето на еколошки прифатлива туристичка компанија во Единбург, принцот се најде на многу насловни страници, бидејќи ги замоли присутните да му се обраќаат само со Хари. Тој испеа и дует со познатиот пејач Џон Бон Џови во „Аби Роуд Студиос“ за новиот добротворен сингл.