Кралицата Елизабета е првиот член на кралското семејство кој денес преку социјалните мрежи јавно го одбележа триесет и шестиот роденден на принцот Хари, пренесува „Експрес“. Во пораката на твитер-профилот на кралското семејство таа напиша „му посакувам на војводата од Сасекс многу среќен роденден!“

Пораката е проследена со фотографија на која се гледа како војводата се смее со својата баба. Фотографијата е направена за време на приемот на млади лидери на кралицата во Бакингемската палата во 2017 година.

Принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол, исто така го честитаа роденденот на војводата од Сасекс објавувајќи порака на социјалните мрежи неколку секунди по објавувањето на кралицата, наведувајќи „му посакуваме на војводата од Сасекс многу среќен роденден!“.