Оваа година три члена на кралското семејство се вратиле назад на кралските ангажмани, пишува британски „Експрес“.

Ингрид Сивард, уредничката на списанието „Маџести Магазин“, изјавила за „Скај њуз“ дека кралицата Елизабета би го пречекала својот внук принцот Хари, војводата од Сасекс со раширени раце. Хари и неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс се повлекоа од кралските ангажмани на почетокот на овој месец.

– Мислам дека таа гледа на Хари како на „блудниот син“, дека тој ќе се врати дома и таа ќе го пречека дома со раширени раце. Единствена работа што навистина ја водеше кралицата низ нејзиниот долг живот е христијанството и нејзините длабоки верски убедувања, а едно од христијанските учења е прошка – смета Сивард.

Таа додава дека нејзиното височество најверојатно нема јавно да ги критикува членовите на нејзиното семејство. Приватно, таа може да се чувствува многу тажна поради тоа, но никогаш нема да зборува за тоа, веројатно, дури ниту пред членови од своето семејство.