Маж кој провалил во црква во едно гратче во американската сојузна држава Конектикат и украл електронска опрема вредна 4.000 долари, оставил порака со извинување, пренесуваат американските медиуми.

Полицијата поседува видео снимка на мажот кој во неделата, нешто по полноќ, упаднал во африканската методистичка епископална ционистичка црква Маслинова гора во Ватербери и од неа однел камери, монитори и микрофони, кои верниците ги користат за време на мисата.

Крадецот, најверојатно чувствувајќи грижа на совеста, оставил и порака со извинување:

– Молете се за мене! Се извинувам, браќа мои…спасете ме – цртајжи покрај текстот симбол со тажно лице.

Еден од членовите на конгрегацијата, Крег Смит, рече дека некои верници го послушале „обзирниот“ арамија и на богослужбите се молеле за него.

Полицијата трага по сторителот.