Даниел Крејг последен пат го играше Џејмс Бонд. Неговото последно појавување во улогата на агентот 007 во „Нема време за умирање“, требаше веќе да биде во киносалите, но премиерата се одолжи заради пандемијата ковид-19, пишуваат светските медиуми. Крејг требаше да се повлече по „Спектар“ во 2015 година, но сепак, беше убеден да ја повтори неговата улога во 25-тиот филм од познатиот серијал. Сега се поставува прашањето кој ќе го замени?

Списокот на актери што се подготвуваат да го заменат Крејг се зголемува од ден во ден. Ѕвездата на ТВ-серијата „Туѓинка“, Сем Хјуен, се смета за предводник во трката. Но не треба да се исклучат како опција претходните фаворити Том Харди и Идрис Елба. Одлуката, најверојатно нема да биде објавена се додека не заврши прикажувањето на „Нема време за умирање“ во кината.