„Космос архитекчр“ го откри својот предлог за египетскиот павилјон на претстојното „Венециско биенале за архитектура“ во 2020 година. Проектот, насловен „Водни жигови – преживувајќи го антропоценот“, го истакнува влијанието што човештвото го имало врз планетата Земја.

„Космос архитекчр“ укажува на загриженоста за животната средина и природните непогоди што се случуваат на почетокот на 21 век, вклучувајќи ги огромната деградација на земјиштето, губењето на обработливото земјиште и зголемувањето на сушата. На глобално ниво, се верува дека од 8.300 познати животински раси, 8 отсто се изумрени, а 22 отсто се изложени на ризик од истребување. Во овој контекст, Египетскиот павилјон ќе ги покаже придонесите за да се балансира еколошката разновидност на Египет.

– Египет е сведок на огромна загуба на својата биолошка разновидност. Околу 95 вида растенија, инсекти, птици и животни се во опасност од истребување како резултат на брзата урбанизација што ја преземаат земјоделските земји. Демографските промени, прекумерната потрошувачка и употребата на технологии што ја оштетуваат животната средина, сега се комбинираат со климатските промени и ги туркаат нашата земја и нашата планета до крајни граници – велат од „Космос архитекчр“.