Френсис Форд Копола долго време сакал да направи нова верзија на филмот „Кум 3“. Размислувал да го скрати на некои места и да го зајакне на други, како и да му го смени насловот. Тој работел на тоа некое време, додека во исто време ги смамалувал верзиите на другите свои филмови, вклучувајќи го и „Клубот на памук“.

Но Копола секогаш чекал тоа да му го дозволи филмското студио „Парамаунт“, пренесува „Дедлајн“.

Премиерата на новата верзија на третиот дел на култниот филм „Кум“ на режисерот Френсис Форд Колопа ќе излезе во декември, најави филмското студио „Парамаунт“.

Во 1990 година премиерно беше прикажан третиот дел „Кум“, 16 години по второто продолжение и не помина најдобро кај публиката. Новата верзија по 30 години ќе јa добие „оригиналната визија за финалето“ на Копола и сценаристот Марио Пузо, се додава во соопштението за јавноста на студиото „Парамаунт“

– За оваа верзија на финалето направив нов почеток и крај и преправив некои сцени, кадри и музички делови. Со овие промени, ова е за мене посоодветен заклучок на трилогијата – изјави Копола во интервју за „Дедлајн“..

Во чест на 30-годишнината на филмот, новата верзија со изменет наслов „Кум на Марио Пузо, Кода: Смртта на Мајкл Корлеоне“ ќе излезе само во ограничен број на кина, за потоа да се појави и биде достапен на стриминг-платформите.