Објавен е трејлерот за филмот „Кум: Смртта на Мајкл Корлеоне“, всушност нов режисерски рез на филмот „Кум 3“ од 1990 година.
Режисерот Френсис Форд Копола ветува дека новата верзија ќе му даде сосема нов лик на филмот, вклучувајќи и сосема поинакво финале, како и почеток на филмот.
Исто така, многу сцени се премонтирани и различно позиционирани во целата структура на ова филмско остварување. Премиерата е закажана за 4 декември, а четири дена подоцна филмот ќе биде достапен и на Блуреј и на други дигитални варијанти.