Дваесет и шести јули за скопјани е ден на хуманоста, ден на добрите дела и ден за сеќавање на сите што не се повеќе со нас. Денот на скопскиот земјотрес, кој се случи пред 56 години, ќе биде одбележан со концерт на летната сцена „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, во организација на „Баги комуникации“.

На оваа средба, обоена со спомени, ќе настапат етнодивата Биља Крстиќ и нејзиниот оркестар „Бистрик“, со кој има одржано голем број концерти низ светот. На нејзиниот репертоар има голем број македонски традиционални песни, Гркот Танос Ставридис, кој свири на хармоника и соработува со некои од најпознатите балкански етно и џез-музичари, нашиот најпознат гитарист Влатко Стефановски и „Биг бенд“, составен од познатите македонски инструменталисти, со кој ќе диригира Љупчо Мирковски.

Концертот ќе почне во 20 часот.Тој ќе го промовира и првиот том на неговата книга „Македонска дискографија – винили“ (1958-2019 г.), која ќе може да се купи по промотивна цена. Опфатени се 333 винилни изданија на околу 480 страници во боја. Промотори на монографијата ќе бидат Бранка Костиќ-Марковиќ и Ѕвездан Георгиевски.
По промоциите, во 21.45 часот, ќе започне музичката програма што ќе ја исполнат „Светлост“, „Јордан Костов трио“ и „Роботек“. Настанот ќе заврши со кино на трева – „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија.