Во организација на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, на меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“ во Созопол, Бугарија, нашата земја ќе се претстави со изложба на дела од ликовните уметници: Симонида Филипова-Китаноска, Иван Настески, Марјан Дзин и Иво Пецов.

Утре, во 20 часот, во Археолошкиот музеј во Созопол, соло-концерт ќе одржи нашата позната виолинистка Наташа Диденко. Концертот носи наслов „Поздрав на љубовта“, а на репертоарот се дела на Дворжак, Елгар, Масне, Фабијан, како и нумери од композиторите Ерих Сати, Едит Пјаф и Офенбах.