Во рамките на манифестацијата „Карпошово лето“, на 27 август (петок), со почеток од 21 часот, на платото на „Млечен“, свој вечерен концерт ќе има нашата музичка ѕвезда Каролина Гочева.
По две години, ова е прв настап на Каролина на отворена сцена, каде што граѓаните на Карпош и на Скопје ќе можат да уживаат во нејзините песни од албумите „Македонско девојче 1 и 2“, „Извор“ и дел од нејзините најпопуларни поп-песни.
Каролина ќе ја придружува нејзиниот бенд и несомнено нѐ очекува летна вечер за паметење. „Карпошово лето“ ќе се одржува на плоштадот „Делфина“ (26 август) и на платото на „Млечен“ (на 27 и 28 август). Во тие три дена ќе има програма за сите генерации: за децата, младите и повозрасните. Општината најавува вечерни концерти на најголемите музички ѕвезди во Македонија.