Денеска завршува фестивалот „Преспаленд“, а за крај на ова незаборавно мултимедијално доживување, предвидени се низа настани. Со почеток во 10 ч., во чест на народниот борец и поет Димитар Мите Богоевски, во истоименото училиште во Ресен ќе биде отворен мурал посветен на неговиот лик и дело.
Од 17 часот, во Домот на културата во Ресен, ќе биде отворена ликовната изложба „Преспа во срцето“ – Кирил Јоновски најголемиот познавач и хроничар на Преспа, а во 19 часот на летната сцена на ресенскиот амфитеатар ќе настапи Тока Шитет. Зад ова уметничко име е Идриз Амети, лидерот на групата „Бла бла бла“. Како соло-уметник тој ќе свири на традиционалниот балкански инструмент шаркија.
По него, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржат Игор Џамбазов и Гуру Харе.
Фестивалот ќе се одржи според актуелните здравствени протоколи за одржување настани на отворено.