И покрај тоа што идејата за изработка на овој костим беше во мислите на Салцман со години, тој почна да ја реализира откако почна соработка со БМВ пред три и пол години. Адреналинска забава резервирана само за екстремни лудаци често се нарекува спортот наречен вингсјутинг. Со оглед на фактот дека секој шеесетти скок завршува со фатални последици, не е ни чудо што ја освои титулата најсмртоносен адреналински спорт во светот. Едноставно кажано, во оваа адреналинска дисциплина, овие „лудаци“ користат падобран и костим што личи на лилјак или летачка верверица, а потоа во слободен пад се фрлаат од висина – од хеликоптер или од авион и од карпи или згради високи неколку стотици метри. Кога ќе ги рашират рацете и нозете, дизајнот на костимот го забавува падот, поради што оние што ќе се одлучат за ваков потфат, во суштина летаат низ воздухот и можат да го контролираат правецот во кој се движат со движењата на своето тело.

Со брзина на пад помеѓу 180 и 225 километри на час, летачот може да помине до три метри за секој метар пад. Сепак, поради дизајнот на самиот костим, сите скокачи во суштина се осудени на постојано паѓање, не постои начин да се задржат во височините барем неколку моменти или некако да се кренат повторно.
Сѐ до неодамна, кога БМВ претстави летачки костим, дизајниран од пионерот во воздушните спортови, Австриецот Питер Салцман.
Костимот, кој е напојуван од електрична опрема монтирана на градите, произведува вкупна моќност од 15 киловати, или дваесет коњски сили, може да достигне брзина од 300 километри на час, додека „обичните“ костими може да достигнат хоризонтална брзина од околу 100 километри на час.

Иако самата брзина е фасцинантна, она со што Салцман и неговиот тим се исклучително горди е фактот дека летачите со костим можат да го забрзаат понатаму летањето со едноставно притискање на копче и не само што престануваат да паѓаат надолу туку и повторно може да летаат во височините.
Салцман го изведе и првиот тест со електричниот летачки костим на 3.000 метри во Австрија. Иако сè уште е прототип, овој производ на БМВ е замислен како нешто што компанијата ќе почне да го произведува масовно.