На островот Гулбурн кој се наоѓа во близина на северниот брег на Австралија, во заедницата Варуви живеат околу 500 луѓе кои комуницираат на девет различни јазици, што претставува своевиден феномен, пренесува магазинот „Атлантик“. Ова е едно од последните места во Австралија, и веројатно едно од последните во светот, каде се уште се зборуваат јазиците на домородите. На островот се зборуваат осум локални јазици, како и англискиот јазик.

Јазиците ги зборуваат од неколку стотици до неколку илјади луѓе. На островот Гулбурн, луѓето  се разбираат, иако честопати не го зборуваат јазикот на соговорникот.

Австралискиот лингвист Рут Сингер, неодамна, во интердисциплинарното списание „Јазици и комуникации“, во рамките на написот за заедницата Варуви, опишала настан од 2006 година, кога случајно го забележала феноменот на „рецептивна повеќејазичност”, дружејќи се со брачна двојка од заедницата која комуницирала зборувајќи на различни јазици.

Луѓето во заедницата Варуви инсистираат нивните деца да го зборуваат единствено нивниот јазик, вообичаено јазикот на нивниот татко. Јазиците се поврзани со одредена територија на островот, а клановите бараат сопственост на земјиштето и јазиците. При што, дозволено е да се зборува само на својот јазик, а кршењето на оваа практика се смета за знак на непријателство.